Информаци за каталозите
Електронскиот каталог на НУБ започна да се води и одржува од 1989 година, со воведувањето на автоматизирана обработка со библиотечно-информацискиот систем COBISS. Содржи над 410.000 записи (јан. 2013) за сите видови библиотечен материјал во печатена и електронска форма, и тоа:
- монографски публикации: книги, картографска граѓа, звучни и видеозаписи, печатени музикалии, и др.
- сериски публикации: списанија, весници, и др.
- статии и други составни делови од списанија и зборници
Електронскиот каталог на НУБ воедно го сочинува и најголемиот дел од податоците на заемниот електронски каталог COBIB.MK.
Со ретроактивна обработка на библиотечниот материјал од тековниот прилив пред 1989 година, во е-каталогот на Библиотеката можат да се најдат и изданија на монографски публикации и за периодот пред 1989 г.
Деталните податоци за фондот на сериските публикации т.е. кои годишта ги поседува Библиотеката за одредена сериска публикација, тековно се внесуваат во е-каталогот од 1997 г.
Пребарувањето на електронскиот каталог, кое се врши со веб-апликацијата COBISS/OPAC, е можно на три начини:
- основно пребарување
- изборно пребарување
- командно пребарување
Кој од начините ќе го примените, зависи од вашето предзнаење за пребарување на каталозите во OPAC. На корисниците без искуство или со мало искуство во пребарувањето во OPAC им препорачуваме да ги користат основниот и изборниот начин на пребарување. Третиот начин е наменет за корисниците со напредно знаење, кои ја познаваат структурата на записите во електронскиот каталог и користењето на префикси и суфикси на пребарување.
За секој од начините на пребарување, на десната страна се дадени кратки совети и објаснувања, со примери за тоа како да се дефинира едно пребарување. Исто така, во дното на страницата се дадени линкови кои ве водат до повеќе и подетална помош за избраниот начин на пребарување.
Повеќе за пребарувањето можете да најдете во менито Помош на електронскиот каталог.
Доколку бараната публикација не ја најдете во е-каталогот, посебно доколку се работи за издание пред 1989 г., препорачуваме да ја побарате и на класичните каталози во картончиња.
каталогот може да го пребарате тука
Заемниот електронски каталог COBIB.MK е заеднички каталог на записите од локалните е-каталози на 40 библиотеки полноправни членки на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK. Содржи над 520.000 записи (јан. 2013). за сите видови библиотечен материјал.
Со помош на веб-апликацијата COBISS/OPAC корисниците можaт да ја пребаруваат заемната база и локалните бази на податоци (е-каталози) на сите библиотеки што се вклучени во системот COBISS.MK.
Пребарувањето на заемниот електронски каталог е можно на три начини:
- основно пребарување
- изборно пребарување
- командно пребарување
Кој од начините ќе го примените, зависи од вашето предзнаење за пребарување на каталозите во OPAC. На корисниците без искуство или со мало искуство во пребарувањето во OPAC им препорачуваме да ги користат основниот и изборниот начин на пребарување. Третиот начин е наменет за корисниците со напредно знаење, кои ја познаваат структурата на записите во електронскиот каталог и користењето на префикси и суфикси на пребарување.
За секој од начините на пребарување, на десната страна се дадени кратки совети и објаснувања, со примери за тоа како да се дефинира едно пребарување. Исто така, во дното на страницата се дадени линкови кои ве водат до повеќе и подетална помош за избраниот начин на пребарување.
Повеќе за пребарувањето можете да најдете во менито Помош на електронскиот каталог.
При пребарување во заемниот каталог и прегледување на добиените резултати, под податоците на бараниот запис, се прикажува и список на сите библиотеки во кои се наоѓа бараната публикација, бројот на достапни примероци и податок дали може да се зајмат дома. Ако кликнете на името на одредена библиотека, се прикажуваат податоците за публикацијата од локалниот е-каталог на библиотеката и податоци за сите примероци (со податоци за сигнатурата и дали е слободна за користење).
каталогот може да го пребарате тука
Податоците за публикациите што се уште не се внесени во електронскиот каталог, корисниците можат да ги побараат во класичните каталози на Библиотеката (печатени каталози и каталози во картончиња).
Од своето основање Библиотеката водеше поголем број различни видови каталози во картончиња, како за библиотечниот материјал што се чува во општиот фонд, така и за библиотечниот материјал што се чува во посебните фондови и збирки. Со автоматизацијата на библиотечните процеси од 1989 г., кога започна да се води електронски каталог, одржувањето на каталозите во картончиња постепено започна да се напушта, така што од 2002 г. се ажурира само основниот/топографски каталог на библиотеката.
Каталозите во картончиња за општиот фонд се лоцирани во холот на првиот кат, спроти пултот за издавање на книгите. Таму се сместени следните класични каталози во картончиња:
- азбучен / абецеден каталог на монографски публикации (до 1974 г.)
- азбучен / абецеден каталог на монографски публикации (од 1974 г.)
- азбучен / абецеден каталог на наслови на сериски публикации
- УДК-каталог на монографски публикации
- УДК-каталог на сериски публикации
Каталозите во картончиња на посебните фондови и збирки се лоцирани во просториите и читалниците на збирките.
Библиотеката ги има следните печатени каталози:
- Централен каталог на монографски публикации во Република Македонија
- Централен каталог на сериски публикации во Република Македонија
- Централен каталог на словенски ракописи во Република Македонија
- Централен каталог на старопечатен и редок библиотечен материјал во Република Македонија
- Централен каталог на прирачници во Република Македонија