Menu Close

За корисници

Што треба да знаете и да направите за да ги користите фондовите и услугите на Библиотеката

Корисникот на Библиотеката може на усно барање и преку телефон, да добие општи информации за:

  • историјата, статусот и функциите на Библиотеката
  • видовите услуги што ги дава Библиотеката и условите за нивно користење
  • информациските ресурси со кои располага Библиотеката
  • содржината и организацијата на книжниот и некнижниот фонд и условите според кои се користи библиотечниот материјал
  • организацијата на библиотечната мрежа во Република Македонија

Покрај регистрираните корисници, овој вид информации може да го добијат и други граѓани (индивидуално или групно) заинтереирани за дејноста и услугите на Библиотеката, при што им се издава привремена карта – Посетител. Со оваа карта корисниците не можат да ги користат услугите наменети за регистрираните корисници на Библиотеката. Групите на корисници (над 5), најмалку 3 дена пред посетата, мора да достават писмено барање.

Служба за библиотечни информации

тел: 3115177 л.145

Работно време:

понеделник до сабота
7,30 до 19,30 часот

Упатувања за самостојно користење на изворите на информации

Корисниците на Библиотеката, на усно барање, можат да добијат и упатства за самостојно користење на:

  • јавните/читателски каталози на Библиотеката во каталожни картончиња (к.к.)
  • електронскиот каталог на Библиотеката OPAC (Online Public Access Catalogue)
  • заемниот електронски каталог на библиотеките во Република Македонија
  • други извори на информации со кои располага Библиотеката

Обука за самостојно користење на изворите на информации се врши и за групи ученици од средните училишта и студенти од универзитетите во Македонија, во рамките на Програмите за обука на корисници.

Служба за библиотечни информации

тел: 3115177 л.145
3115177 291 215

Работно време:

понеделник до сабота
7:30 до 19:30 часот

Тематски пребарувања/истражувања на информации од фондовите на Библиотеката

Корисникот на Библиотеката, врз основа на писмено барање (писмо, факс или електронска пошта) или со електронската услуга „Прашај го библиотекарот“, може да побара тематско истражување на информации од различни научни и стручни области.

Во писменото барање, покрај податоците за корисникот се наведуваат:

  • областа и темата за која се бараат информациите
  • клучните зборови (на македонски и англиски јазик) со кои се одредува темата
  • изворите од каде што се бараат информциите (само од фондот на Библиотеката или пошироко)
  • ограничувања во однос на јазикот, временскиот период, видот на документи кои се бараат и др.
  • начинот и медиумот на кој корисникот ги бара информациите
  • оценка на корисникот за релевантноста на добиените податоци (вреднување на пребарувањето)

Тематските истражувања на информациите од фондот на Библиотеката се вршат со пребарување на каталозите, а резултатите од пребарувањето корисникот може да ги добие усно или како список на литература (во печатена или електронска форма).

За тематските истражувања на информации од фондот на Библиотката што се добиваат во писмена форма, корисникот плаќа надоместок според Ценовникот.

Служба за библиотечни информации

тел: 3115177 л.145
3115177 291 215

Работно време:

понеделник до сабота
7:30 до 19:30 часот

Користењето на услугите на Библиотеката може да биде индивидуално и колективно.

Индивидуален корисник може да биде секој граѓанин на Република Македонија или странски државјанин, што навршил 16 години.

За стекнување на статус индивидуален корисник потребно е :

  • документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа)
  • платен кориснички надоместок според Ценовникот
  • една фотографија со димензии 3,5х4,5 см
  • потпишана Изјава за согласност

НАПОМЕНА: Изјавата за малолетните лица ја пополнува родителот/ старателот.

Инвалидизирани лица и лицата со посебни потреби можат да бидат индивидуални корисници без паричен надоместок.

Колективен корисник може да биде секое правно лице од Република Македонија, со поднесување на писмено барање и плаќање кориснички надоместок согласно Ценовникот.

Корисничката карта е со важност од една недела, еден месец или една година.

Научните работници и истражувачите (докторанти, магистранти, универзитетски наставници и соработници) имаат право, на нивно барање, да добијат посебна корисничка карта за користење на индивидуалните читалници.

Работно време:

Понеделник до петок
7:30 до 19:30 часот
Сабота
7:30 до 13:30 часот

Лице за контакт:

Трајковска Снежана
тел. 3115 177 л.116
е-пошта: zorica@nubsk.edu.mk

Корисниците имаат право да го користат библиотечниот материјал од општиот фонд само во просториите на Библиотеката и тоа во: општите читалници, Универзитетската читалница и индивидуалните читалници.

Барањата за користење на библиотечниот материјал се даваат на библиотекарите од Централниот пулт за зајмување или во Универзитетската читалница на посебни задолженија. Зајмувањето може да се врши и по електронски пат преку апликацијата „Моја библиотека“.

На задолжението читливо се внесуват податоците за корисникот (име, презиме, број на корисничка карта), за публикацијата што се зајмува (автор, наслов, сигнатура) и за датумот на зајмувањето. За секоја публикација се пополнува посебно задолжение. Доколку една публикација е во повеќе томови, тоа се наведува во задолжението. При зајмувањето на сериска публикација, покрај сигнатурата се наведува и податок за годината и бројот што се бара.

Корисникот има право едновремено да користи до 5 публикации.

За зајмување на библиотечните материјали сместени во магацините се чека до 30 минути.

Зајмувањето од општиот фонд се врши од понеделник до сабота од 7:30 до 17:30 часот, а во месеците јули и август од 7:30 до 13:30 часот.

Корисникот има право да ги резервира материјалите што ги користел и тоа за период од 30 дена. Ако резервираниот материјал не се користи три дена едноподруго, тој се враќа во магацинот.

Работно време:

Понеделник до сабота
7:30 до 19:30 часот.

Лице за контакт:

Михајловска Нада
тел: 3115 177 л.154
е-пошта: zorica@nubsk.edu.mk

Меѓубиблиотечната позајмица претставува библиотечна активност која овозможува користење на документи од други библиотеки. Библиотеката врши меѓубиблиотечно зајмување на библиотечен материјал од:

  • своите фондови на барање на библиотеки од земјата и странство
  • фондовите на библиотеките во земјата и странство за потребите на своите членови

Во службата за меѓубиблиотчно зајмување корисникот поднесува барање за нарачка со точно и читливо наведени библиографски податоци за идентификација на документот (автор, наслов на публикацијата, година на издавање, место, ISBN – доколку се работи за книга, или автор, наслов на статијата, списание, том, број, година на издавање, страници и ISSN број – доколку се работи за статија во списание). Писменото барање, кое се смета за официјален документ, се доставува: лично, по факс или е-пошта на посочената адреса.

Со меѓубиблиотечно зајмување не можат да се позајмат следниве видови документи: цели списанија, весници и зборници; библиотечни материјали од посебните фондови: речници, енциклопедии, албуми, докторски и магистерски трудови, книги и списанија од збирката за ретки и старопечатени материјали, компакт дискови, факултетски учебници; книги што содржат значајни прилози (карти, табели, нотен материјал, репродукции, други додатоци со пагинација), библиофилски изданија, публикации со многу голем, односно мал формат.

Трошоците за добиените документи ги плаќа корисникот на услугата, според Ценовник.

Работно време:

понеделник – петок 8:00-16:00

Одговорнo лицe:

Маја Јовановска
тел: 3 230 874
факс: +389 2 3 226-846
е-пошта: medzaj@nubsk.edu.mk

Во Интернет читалницата Библиотеката на своите корисници им овозможува слободен достап до интернет на 13 комплетно опремени работни места и 6 работни места каде можат да користат сопствени преносни компјутери.

При користење на комјутерската опрема корисникот мора да ги почитува пропишаните правила*:

  • Компјутерската и телекомуникациската опрема на Библиотеката се користи единствено за образовни и научно-истражувачки потреби
  • При користење на Интернет корисниците се должни да се придржуваат на Интернет-етиката позната како Нетикета (јавно достапен документ RFC1855)
  • Не е дозволено инсталирање дополнителна системска и програмска поддршка или менување на системската и програмската конфигурација на компјутерската опрема
  • Не е дозволено расклопување, преместување или изнесување на дел или цела компјутерска и комуникациска опрема
  • Не е дозволено користење на компјутерите на вработените од Библиотеката
  • Во времето на користење на компјутерската опрема, корисникот е одговорен за намерно оштетување на опремата и/или на податоците

Користењето на оваа услуга е временски ограничено на еден час и неопходна е претходна регистрација кај одговорниот библиотекар.

Работно време:

понеделник до петок
7:30 до 19:30 часот
сабота
7:30 – 13:30 часот

Одговорно лице:

Нечковска Надица
е-пошта: informacii@nubsk.edu.mk

Во Универзитетската читалница корисниците можат самостојно и по свој избор да користат високошколски учебници, зборници, прирачници, материјали од собири, изданија на Универзитетите и други научни институции во РМ, општи и специјализирани енциклопедии, лексикони, речници (толковни, двојазични, повеќејазични и терминолошки), атласи, алманаси, водичи и сл.; монографски, најнови броеви од сериски публикации и секундарни/терцијарни публикации од областа на библиотекарството и информациските науки; избор на дневен, неделен и месечен печат од македонската продукција и др.

Библиотечните материјали кои се сместени во Универзитетската читалница може да се користат само во просторот на читалницата.

За користење на услугите, корисникот мора да се регистрира кај одговорниот библиотекар.

Во читалницата корисниците имаат работни места за сопствени преносни компјутери.

Работно време:

понеделник до сабота
7:30 до 19:30 часот

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е основан со Одлука на Универзитетскиот сенат согласно потпишаниот договор помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со Централната управа на Институтите „Конфцуиј“ (Ханбан) и во соработка со Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, НР Кина. Институтот „Конфуциј“ е сместен на првиот кат, лево од главниот влез на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Институтот беше свечено отворен на 3 септември 2013 година.

Цели на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Со формирањето на Институтот се зајакнува образовната соработка помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија, помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и универзитетите во Народна Република Кина, се поддржува и се промовира развојот на наставата на кинески јазик и се зголемува меѓусебната комуникација и разбирање помеѓу граѓаните на Кина и Македонија.

Услуги

Институтот „Конфуциј“ ги нуди следниве услуги:

  • Курсеви по кинески јазик
  • Користење на книжевниот фонд во рефернтната библиотека на Институтот кој содржи наслови од многу области, списанија, дневен печат, како и аудио книги, музички ЦД-а и ДВД – ија со документарни филмови, играни филмови и серии
  • Обезбедување на информации и консултативни услуги за Кина од областа на образованието, културата, економијата, итн.
Работно време

од понеделник до петок
10:00 – 15:00

Одговорно лице:

Сања Димовска
е-пошта: ci.mk@ukim.edu.mk
телефон: 071 259 936

This site is registered on wpml.org as a development site.