Menu Close

Бази

Дигиталната библиотека при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје преку својот портал Dlib.mk, на своите посетители им овозможува пристап до различни библиографски содржини како што се книги, ракописи, списанија и периодични публикации, статии, географски карти, ноти, научни извештаи, проекти и тн.

Порталот Dlib.mk, пред сe, има за задача да зачува, презентира и дистрибуира најразлични библиографски содржини во дигитална форма како дел од програмата за заштита на културното наследство и промовирање на нашата култура во јавноста. Дигиталната библиотека е изградена врз Open Source платформата Dspace која покрај можноста за презентација има за цел и долготрајно чување и управување со дигитални објекти.

 www.dlib.mk

Работно време:

понеделник – петок 08:00 – 16:00

Контакт:

+389 2 323 0151 лок. 205

Вистинско место за добивање на библиографски, фактографски, биографски, нумерички и други видови информации за природни, применети, општествени и хуманитарни науки и уметностите.

Порталот овозможува бесплатен достап до најнови информации од сите области на човековата дејност.

МеБ претставува конзорциум на Македонски библиотеки кој го координира директниот (online) пристап до ресурси на национално ниво.

веб страна: http://w3.nubsk.edu.mk/

Работно време:

понеделник-петок 8:00-16:00

Одговорно лице:

Миодраг Дадасовиќ
тел: 3115 177
факс: 3226 846
е-пошта: miodrag@nubsk.edu.mk

Веб-апликација E-CRIS која Институтот за информациски науки во Марибор (IZUM) бесплатно ја понуди на корисниците на апликациите COBISS има за цел да воспостави евиденција на истражувачите и установите во Република Македонија.

E-CRIS базата е неопходна за следење и евалуација на резултатите од истражувањата реализирани во рамките на повеќе национални библиотечно-информациски системи од мрежата COBISS.Net. Националниот E-CRIS систем е поврзан со националниот библиотечно-информациски систем COBISS, и овозможува непосреден увид во биографските и библиографските податоци на истражувачите и истражувачките организации. Националниот E-CRIS систем вклучува база на податоци за истражувачи, истражувачки организации и оддели и истражувачки проекти. Податоците во базата се меѓусебно поврзани. Податоците во базата се внесени на македонски и англиски јазик.

Информацискиот систем за истражувачка дејност во Македонија го управува Националната библиотека “Св.Климент Охридски“, која врши и функција на национален E-CRIS центар. E-CRIS.МК е поврзан со информацискиот систем COBISS.MK, односно со неговата библиографска база на податоци COBIB.MK, во која некои од македонските библиотеки веќе креирале и библиографски записи за библиографии на истражувачите.

веб страна: http://e-cris.mk.cobiss.net/

Работно време:

понеделник-петок 8:00-16:00

Одговорно лице:

Миодраг Дадасовиќ, Василка Христовска
тел: 3115 177
факс: 3226 846
е-пошта: miodrag@nubsk.edu.mkvasilka@nubsk.edu.mk

INIS е водечки светски информациски систем за употребата на нуклеарна енергија во мирновременски услови. INIS функционира во рамките на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во соработка со земјите членки и со кооперативните интернационални организации.

Во соработка со Министерството за наука, за седиште на INIS центарот за Република Македонија, е одредена Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ –  Скопје.

INIS базата на податоци од библиографските записи како и NCL литература сега веќе е достапна бесплатно на интернет страната на IAEA: http://www.iaea.org/inis/

Работно време:

понеделник-петок 8:30-16:00

Одговорно лице:

Пандорка Стоименовска
тел: 3115 177 лок. 134
факс: 3226 846
е-пошта: pandorka@nubsk.edu.mk

This site is registered on wpml.org as a development site.